АСОМ: Обложувалниците строго ги следат сите протоколи

Асоцијацијата на спортcки обложувалници на Македонија (АСОМ) преку соопштение ги извести сите свои корисници дека обложувалниците ќе продолжат нормално да работат согласно новите мерки кои се донесоа како превентива поради опасниот корона-вирус.

Sport Life обложувалниците во следниот период ќе имаат ново работно време кое ќе биде од 8:00 часот до 19:30 часот.

Во продолжение, во целост ви го пренесуваме соопштението од АСОМ.

Почитувани играчи,

Согласно објавата во службен весник бр.75 од 05.04.2021 година Ве известуваме дека угостителските објекти во рамките на уплатно-исплатните места нема да работат во периодот од 07.04 до 20.04.2021 година.

Уплатата и исплатата на тикетите ќе се врши непречено, шалтерски, без задржување на играчите во објектите.

ВЛТ терминалите ќе работат според предвидениот капацитет во објектот, односно присутни онолку играчи колку што има места за седење на ВЛТ терминалите.

Како и досега, апелираме на одговорност и максимално почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувалници, стои во соопштението на АСОМ. 

- Оглас -

Најнови вести