Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија информира дека спортските обложувалници во земјава дадоа значаен придонес за домашниот буџет во месеците по повторното отворање на уплатно-исплатните места кон средината на мај, откако од 13 март со уредба на Владата беа во првите бизнис дејности, целосно затворени со рестриктивните мерки.
„Финансиските анализи кои ги направивме за периодот мај – август покажуваат дека по сите основи на работењето во државниот буџет сме придонеле со повеќе од 600 милиони денари. Тука влегуваат, посебна давачка од 20 плус 3 проценти, персонален данок од игри на среќа, персонален данок од кирии, придонеси за плати, платено ДДВ кон државата, платено ДДВ кон добавувачи, аконтации од данок на добивка, како и посебна давачка од 4 проценти за онлајн обложување.“ – вели Илијевски и додава дека уредбата со која се дозволи онлајн обложувањето преку домашните сајтови треба да помине во трајно законско решение заради придобивките кои ги има за индустријата, но и за државата.
Според проценките, помеѓу 40 и 50 милиони евра, се одлевале од државата по основ на онлајн обложување на странските сајтови, кое освен што е противзазконско е и ризично за уплатите и исплатите на играчите. Уредбата на Владата со која се овозможи он лајн обложување преку домашните сајтови помага да се премости кризата, но и да се зачуваат работни места и да се одржи индустријата која има силен придонес во државната економија.
„Нашата индустрија придонесува со една четвртина милијарди евра во буџетот и има високи 4 проценти удел во бруто-домашниот производ. Во локалните и државниот буџет, на годишно ниво, се влеваат повеќе од 250 милиони евра. Индустријата вработува околу 8000 луѓе, 4500 само во спортските обложувалници со што индиректно поддржува уште 54000 работни места, а со своето работење го стимулира и работењето на други стопански гранки“ – истакнува Илијевски и заклучува дека, земајќи ги во предвид овие бројки, било какви законски измени кои би значеле можна закана за опстанокот на индустријата би биле погубни и за државната економија.
И покрај загубите од неработењето, спортските обложувалници не отпуштија ниту еден вработен. На 13 мај, членките на АСОМ ги вратија на работните места сите свои вработени и во континуитет вложуваат средства за целосно усогласување на објектите со протоколите и мерките за заштита од ширење на коронавирусот. При прекин на работењето заради пандемијата, и во услови на намален обем на работа и приходи, членките на АСОМ донираа опрема и средства во болниците во вкупен износ од над 5 милиони денари, како директна поддршка на здравствениот систем во борбата со справување со коронавирусот.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија апелира до играчите да продолжат доследно и во целост да ги почитуваат мерките за лична заштита и да се придржуваат до протоколите според кои работат спортските обложувалници. Здравјето на нашите вработени и нашите играчи е наш највисок приоритет – истакнуваат од АСОМ.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спор Лајф, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Меридиан.
Повеќе информации за Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија се достапни на веб страницата www.asom.org.mk