Деновиве постојано излегуваат нови стории за сериозни инциденти во Лондон и во Англија по поразот на Гордиот Албион од Италија во финалето на Европското првенство, а нападнат бил и пилотот во Формула 1, Ландо Норис.
Еден од спортските миленици на Британците бил цел на хулиганите по финалето на „Вембли“, но не се знае дали бил и физички нападнат.
Од тимот на Мекларен рејсинг само објавија дека на четвртопласираниот пилот во Формула 1 му бил украден часовникот од рака и дека Норис бил видно вознемирен.
Од Мекларен бараат хулиганите да бидат пронајдени и да бидат казнети за инцидентот и веројатниот физички напад врз Норис.
Интересно е што следната трка во Формула 1 е токму за Големата награда на Велика Британија, на патеката во Силверстон на 18 јули.
Норис моментно е на четвртото место во Генералниот пласман во Формула 1 со 101 поен. Пред него се Макс Ферстапен со 182, Луис Хамилтон со 150 и Серхио Перес со 104 поени.