Фудбалскиот клуб Селта на своите фанови им приреди пријатно изненадување, нов договор со легендата Јаго Аспас, со којшто крилниот напаѓач останува во клубот до крајот на сезоната 2025/2026.
Аспас од 1995 до 2006 беше во младите категории на Селта, потоа од 2006 до 2009 беше во Селта Б, а од 2008 до 2013 во првиот тим. Направи трансфер во Ливерпул, каде што остана само една сезона, една сезона играше како позајмен во Севилја, но сфати дека Селта е неговата природна средина и се врати дома до 2015 и оттогаш не мрда од таму.
На вкупно 574 натпревари за Селта Аспас има 220 гола и 82 асистенции.