Екипата на Астана со 2:0 победи на гости во Молдвија против Зимбру и се пласира во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Овој резултат е важен за македонскиот фудбал затоа што Астана во следното коло може да игра со Вардар, секако доколку Црвено-црните вечерва во Лозана успеат да го елиминираат швајцарскиот претставник.
Астана и Зимбру играа 1:1 на првиот меч во Казахстан, што беше изненадувачки ако се знае дека Астана беше голем фаворит. Астана како да ја научи „лекцијата“ од првиот меч, па вечерва на гости во Молдавија славеше со 2:0
Уште во првите 20-тина минути Астана одигра фуриозно и постигна два гола, па потоа рутински го контролираше резултатот и на крајот стигна до посакуваната победа и пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.