Астон Мартин очекува бум со камбекот во Формула 1, Фетел ќе им биде главна ѕвезда

Себастијан Фетел ќе биде главната ѕвезда на Астон Мартин, тим што се враќа во Формула 1 и ќе има голема ѕвезда во тимот од следната сезона.

Германецот, кој е четирикратен шампион во Ф1, веќе потпиша договор со реномираниот производител на автомобили кој ќе има камбек во најбрзиот циркус на светот.

Од Астон Мартин не објавија за кој период е ангажиран Фетел, но медиумите објавија дека се работи за тригодишен договор.

Фетел сезонава вози за Ферари и дури и најави дека ќе се повлече ако не добие примамлива понуда од друг тим.

„Очекувам супер авантура со ангажман во легендарна компанија за автомобили каква што е Астон Мартин. Сè уште имам желба и голема страст за победи и успеси во Формула 1 и се надевам дека заедно со новиот тим ќе имаме доброи резултати“, изјави Фетел.

Сега веќе 33-годишниот пилот ги имаше ѕвездените моменти во Формула 1 на почетокот на минатата деценија, кога од 2010 до 2013 година четирипати по ред беше шампион со Ред Бул рејсинг.

Фетел има и 3 вицешампионски круни и вкупно 53 поединечни победи на патеките во Ф1, со вкупно освени 3001 поен.

- Оглас -

Најнови вести