Астон вила четири месеци не знае за пораз на домашен терен, ПСЖ никогаш не загубил од Брест (Фото)

1001 Астон вила – Ливерпул (20:30)

Астон вила четири месеца, односно 12 натпревари по ред, нема пораз на домашен терен, па токму затоа ова гостување за Ливерпул е отценето како едно од најтешките на патот кон титулата. Сепак, на последните осум домашни дуели, Астон вила секогаш примаше најмалку по еден гол, а последен пат ја сочуваа мрежата чиста на мечот против Манчестер сити и победата од 1-0. Ливерпул во секој случај е фаворит и на тешкото гостување треба да покаже дека заслужено е прв, но и да ја сочува предноста од седум бода пред Арсенал.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.20)

 

6008 ПСЖ – Брест (21:00)

Фудбалерите на ПСЖ на првиот меч против Брест од плејофот на Лигата на шампионите победија со 0-3 на гостински терен, па нешто слично се очекува од нив и на денешниот меч. Светците имаат четири победи по ред против денешниот противник и на сите четири натпревари им дале најмалку по три гола, додека последните седум меѓусебни дуели на овие две екипи завршувале најмалку со по три гола.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.98)

 

6006 Реал Мадрид – Манчестер сити (21:00)

Спектаклот на вечерта е мечот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити. Кралевите имаат предност од 3-2 од првиот дуел на „Етихад“, па избраниците на Пеп Гвардиола ќе имаат тешка задача да се пласираат во осминафиналето. Традицијата во меѓусебните дуели вели дека головите се неизбежни, но очекувањата се дека и двајцата тренери ќе влезат во мечот претпазливо, па головите може да се очекуваат дури по 30-тата минута.

Предлог тип: 30-90 мин (2.75)

 

6005 ПСВ – Јувентус (21:00)

ПСВ и Јувентус третпат оваа сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Овие две екипи одиграа еден меч во групната фаза, а ждрепката сакаше да се сретнат и во плејофот. Она што е интересно, Јувентус ги доби двата натпревари со 3-1, односно 2-1, а и на двата меча имаше водство на полувремето. Очекувањата се дека и вечерва една од екипите ќе има водство на полувремето и на крајот ќе победи, односно нема да биде нерешено ниту на полувремето, ниту на крајот.

Предлог тип: 12-12 (1.96)

 

6001 Борусија Дортмунд  – Спортинг Лисабон (18:45)

Борусија Дортмунд со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Спортинг Лисабон, па вечерва ќе треба само рутински да го завери пласманот во осминафиналето. Последните два натпревари на овие екипи завршуваа најмалку со по три гола, а така завршија три од вкупно петте меѓусебни натпревари.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.87)

- Оглас -

Најнови вести