Астон вила го посрамоти Арсенал сред Лондон (Видео)

Астон вила убедливо со 3:0 славеше на гостувањето кај Арсенал, во меч од осмото коло во Премиер лигата. Домаќините беа фаворити на хартија, но Астоин вила од првата минута покажа дека ќе атакува на трите бода. Гостите погодија само по 50 секунди, но тој гол беше поништен со ВАР-одлука поради офсајд.

Играч на Арсенал даде гол во 25-тата минута, но во сопствената мрежа. Сака си даде автогол за предност на Астон вила на полувреме. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме, гостите за три минути дадоа уште два гола и ги решија сите дилеми околу тоа кој ќе ги освои трите бода.

 

- Оглас -

Најнови вести