Астон Вила го шутна тренерот Смит

Дин Смит веќе не е тренер на Астон Вила. Завчерашниот пораз на Вила од Саутхемптон беше петти лигашки пораз по ред, и тоа ја прели чашата, за раководството на клубот да донесе ваква одлука.

Од клубот од Бирмингем му се заблагодарија на 50-годишниот Смит за тоа што го направи  за тимот во изминатите три години, колку што беше на клупата. Од Чемпионшип ги внесе во Премиерлигата, играа и финале на купот, но Астон Вила во моментов е на 15-то место на премиерлигашката табела, со само два бода плус над опасната зона. Се чини дека продажбата на Џек Грилиш е клучниот проблем за падот на тимот кој лани беше 11-ти.

- Оглас -

Најнови вести