Астон Вила и Арсенал во четвртфиналето, ќе има продолженија во Мадрид (Видео)

Англиските премиерлигаши Астон Вила и Арсенал успеаја да изборат пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Астон Вила го совлада Клуб Бриж со 3-0 и во следната рунда ќе се сретне со ПСЖ, додека Арсенал одигра 2-2 дома против ПСВ Ајндховен, но славеше со 1-7 на првиот меч во Холандија.

На мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал ќе се играат продолженија, откако Атлетико победи со 1-0, со голот на Конор Галахер во првата минута, а со тоа е анулирана предноста на Реал од 2-1 од првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“. Винисиус јуниор во 70-тата минута не успеа да искористи пенал за Реал Мадрид, шутирајќи високо над голот.

Астон Вила го победи Клуб Бриж со 3-0. Марко Асенсио беше двоен стрелец за англискиот тим, а погоди и Матсен, откако Клуб Бриж остана со фудбалер помалку уште од 17-та минута поради исклучувањето на Киријани Сабе.

Арсенал и ПСВ одиграа 2-2. Зинченко и Рајс стрелаа за Арсенал, а Перишиќ и Дриуеш погодија за ПСВ. Арсенал во четвртфиналето го чека подобриот од мадридскиот дуел меѓу Атлетико и Реал.

- Оглас -

Најнови вести