Астон Вила и Борусија Дортмунд остварија пирови победи против Пари Сен Жермен, односно Барселона во реванш четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите. Францускиот и каталонскиот гигант сепак ќе играат во полуфиналето на ЛШ.
Астон Вила го победи ПСЖ со 3-2, но гостите имаат предност од 3-1 по првиот меч во Париз.
Хакими и Мендеш донесоа водство од 0-2 за ПСж и се чинеше дека сѐ е готово, но Јури Тилеманс ја врати надежта на Астон Вила. Во вториот дел, два брзи гола постигнаа Мекгин и Конса, направија пресврт, но на Астон Вила сепак и недостигаше уште еден гол за да го одведе дуелот во продолженија. Херој на гостите беше голманот Џанлуиџи Донарума, кој имаше неколку фантастични интервенции.
Борусија Дортмунд ја победи Барселона со 3-1, но каталонскиот тим имаше огромни 4-0 од првиот меч. Серху Гираси постигна хет -трик, отвори од пенал во 11-тата минута, а потоа зголеми на 2-0 во 49-та минута.
Бенсабеини си постигна автогол пет минути подоцна и ја „обезбеди“ Барселона, а до крајот Гираси погоди уште еднаш, за недоволни 3-1 во 76-та минута од мечот.