Астон вила и Лидс досега играле точно 100 пати, а последниот меч беше „еден во два“ со гол во 95 минута (Видео)

Астон вила е единствен тим со максимален учинок во Премиер лигата. Во досегашните четири меча, Астон вила има четири победи, а посебно ќе се памти фантастичната победа од 7:2 против шампионот Ливерпул. Сега, тимот од Бирмингем на свој терен има нов предизвик, а ривал е Лидс.

Долго е ривалството на овие два клуба. Низ историјата играле вкупно 100 пати, а билансот е 39 победи за Астон вила, 30 нерешени и 31 триумф за Лидс. Посебно се памти нивниот последен меч во Бирмингем, пред речиси две години. Двата тима беа во Чемпионшип, а Астон вила одлично ја отври средбата и поведе со 2:0 на полувремето.

Лидс во чии редови беше и Езџан Алиоски не се предаде и во вториот дел направи пресврт. Гостите погодуваа во 56, 61 и 90+5 минута за комплетен пресврт и победа од 3:2. Алиоски уште е во Лидс, но според најавите, вечерва нема да биде стартер.

Ако се погледне последниот меч на овие два клуба, но и отворената игра на двете екипи сезонава, може да очекуваме шоу од погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести