Астон вила и петтипат по ред победи во Премиер лигата, па се врати во битката за пласман во ЛШ (Видео)

Фудбалерите на Астон вила продолжуваат со одличните игри во Премиер лигата и ја забележаа и петтата победа во низа, која уште повеќе ги доблежи до пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Избраниците на Унаи Емери со убедливи 4-1 славеа над директниот конкурент Њукасл на домашен терен, а резултатот го отворија уште во првата минута со голот на Воткинс. Гостите израмнија во 18-тата минута преку Шар и тоа беше се што сторија на овој меч.

Астон вила во вториот дел уште трипати ја погоди противничката мрежа за убедлива победа и израмнување со Нотингем форест по бројот на бодови на делба на петтата и шесттата позиција на табелата.

- Оглас -

Најнови вести