17.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Астон вила и Рома ќе победат, Sвезда и Динамо ќе одиграат ефикасно (Фото)

6751 Шкендија – Шелбурн (18:45)

Лигашкиот дел од Конференциската лига за првпат ќе се игра во Скопје. Шкендија на Националната арена го пречекува ирски Шелбурн, а препораката е овој меч да се одигра на голови. Очекувањата се дека првиот дел ќе мине во испитување на силите, па не би требало да има повеќе од еден гол, додека второто полувреме можно е да има далеку повеќе голови за разлика од првото.

Предлог тип: 0-1I&1-3II (1.80)

 

6021 Го Ахед Иглс – Астон Вила (18:45)

Екипата на Го Ахед Иглс претходното коло ја забележа првата победа во Европа, но сега на домашен терен имаат голем предизвик, наречен Астон вила. Премиерлигашот има максимални шест бода по првите две кола во Лигата на Европа, па нивната победничка серија се очекува да продолжи и на гостувањето во Холандија.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.94)

 

6028 Брага – Црвена ѕвезда (18:45)

Црвена ѕвезда вторпат по ред ќе гостува во Португалија во Лигата на Европа. По поразот од Порто, „црвено-белите“ сега ќе му гостуваат на составот на Брага. Екипата од Белград има само бод, но на двата меча и против Селтик дома и против Порто на гости постигнуваше по еден гол, па очекувањата се дека и вечерва избраниците на Владан Милојевиќ барем еднаш ќе ја затресат мрежата на противникот.

Предлог тип: Т2 1+ второ (1.94)

 

6037 Малме – Динамо Загреб (21:00)

Динамо Загреб е лидер во Лигата на Европа по две кола со максимални шест бода и најдобра гол-разлика од шест дадени и два примени гола. Хрватскиот претставник гостува кај „фенерџијата“ Малме, позиција која е изненадувачка за Швеѓаните. Според она што го одиграа двете екипи во досегашниот тек, очекувањата се дека ќе има голови и во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.55)

 

6033 Рома – Плзен (21:00)

Чешки Плзен има бод повеќе по две кола во Лигата на Европа од Рома, но членот на Серија А ја има фаворитската улога на нивниот меѓусебен дуел. „Римската волчица“ двапати има играно на домашен терен против денешниот противник и двапати победуваше, со 5-0 во 2018 година и со 4-1 во 2016 година.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.88)

- Оглас -

Најнови вести