Астон вила игра фантастично, со покер голови ги почести Чеканите

Фудбалерите на Астон Вила продолжуваат со одличните игри сезонава и славеа со 4:1 против Вест хем во деветтото коло во Премиер лигата.

Астон вила беше многу подобар тим во првото полувреме, не им дозволи на Чеканите да креираат шанси, и единствениот гол го постигна преку Даглас Луис во 30-та минута.

На стартот од второто полувреме, Даглас Луис од пенал погоди за 2:0, а четири минути подоцна Чеканите преку Пау Торес успеаја да намалат на 2:1.

По дадениот гол, Вест хем тргна поофанзивно со цел да дојде до израмнување, најдобрата шанса ја имаше Курт Зума но неговиот удар заврши над голот.

Казната за промашувањето дојде во 74-та минута кога Оли Воткис зголеми на 3:1 за во финишот, Бејли да го постави конечниот резултат.

По триумфот, Астон вила се искачи на петтото место на табелата со 19 бода, само два помалку од лидерот Манчестер сити, додека Вест хем е деветти со 14 бода.

- Оглас -

Најнови вести