Астон Вила има топ план, ќе си купат 16-годишна гол-машина со 49 погодоци минатата сезона

Рори Вилсон, тинејџерот на Глазгов ренџерс и на младинските категории на шкотската репрезентација е на чекор до потпис со англискиот премиерлигаш Астон Вила.

За 16-годишниот талент што постигна неверојатни 49 погодоци во сите категории во мината сезона има голем интерес од европските клубови, а најблиску е до трансфер во Бирмингем во редовите на Астон Вила.

„Време е за поголем исчекор во мојата кариера и трансфер во Премиерлигата. Глазгов ренџерс за мене беше брилијантен период во мојата кариера и им благодарам за прекрасните 8 години минати во клубот“, изјави Вилсон.

За шкотската гол-машина велат дека е огромен талент, а прв реагираше Стивен Џерард, менаџерот на Астон Вила и клубот од Бирмингем е топ-фаворит за ангажман на Вилсон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести