Фудбалерите на Астон вила продолжуваат со одличните игри сезонава и по првото полувреме во дербито на 16-то коло во Премиер лигата имаат предност над Арсенал од 1:0.
Тимот од Бирмингам кој во средата го победи шампионот Манчестер сити, вечерва по првиот дел води против вториот голем фаворит за титулата, Арсенал, благодарение на голот на Џон Мекгин во седмата минута.