Астон вила како аматерска екипа, направи бизарен пенал и загуби (Видео)

Бриж минимално со 1:0 славеше над Астон вила, а Шахтар со 2:1 беше подобар од Јанг Бојс во првите два меча кои вечерва се одиграа во Лигата на шампиони. За Бриж ова е втора победа во четвртото коло, а многу значајно е тоа дека е остварена против ривал кој имаше перфектни три победи на стартот од елитното натпреварување на УЕФА.

Ханс Ванакен го постигна единствениот гол вреден три бода за Бриж и тоа од пенал во 52 минута. На најбизарен начин беше направен пеналот. Голманот Мартинез ја додаде топката до Мингс, а тој мислејќи дека може да игра со рака за да ја намести на петерецот за изведување, ја фати со двете раце. Судијата не се двоумеше многу и досуди пенал, затоа што со додавањето на голманот Мартинез, играта беше во тек.

Пеналот со кој Астон вила стигна до победата може да го видите ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести