6799 Лил – Штурм (21.00 часот)
Лил славеше со 3:0 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на конференции во Австрија против Штурм и си ги реши дилемите околу пласманот во следната рунда. Разликата во квалитет меѓу двата тима е очигледна и иако Лил претстојниот викенд игра дерби-пресметка во Лига 1 против второпласираниот Брест, и вечерва се очекува со победа да го завери пласманот меѓу осумте најдобри во третото по квалитет европско натпреварување.
Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.22)
6798 Астон вила – Ајакс (21.00 часот)
Првиот натпревар меѓу поранешните европски шампиони кој се играше во рамките на Лигата на конференции заврши без голови и вечерва ќе падне одлуката за патникот во четвртфиналето.
Астон вила игра одлично сезонава, се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиер лигата, а победа над Ајакс би претставувала најдобар одговор на убедливиот пораз од Тотенхем минатиот викенд.
На првиот натпревар, премиерлигашот беше подобар тим, имаше повеќе шанси и шутеви, но не успеа да постигне гол, а вечерва пред своите гледачи се очекува уште од првата минута избраниците на Унаи Емери да тргнат офанзивно кон голот на Ајакс и да го пробијат бункерот пред голот на Рамај, кој бранеше на првиот меч.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.97)
6021 Вест хем – Фрајбург (18.45 часот)
На првиот натпревар славеше Фрајбург со минимални 1:0 и вечерва Вест хем на „Олимпискиот стадион“ во Лондон ќе мора да брка победа доколку сака да го продолжи престојот во фудбалска Европа. Фрајбург се наоѓа во одличен ритам, славеше на последните два меча, додека Вест хем минатиот викенд одигра само 2:2 против претпоследнопласираниот тим на табелата во Премиер лигата, Барнли. Овие два тима минатата година играа меѓу себе во групите во Лигата на конференции и Чеканите славеа со 2:0 во Лондон.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.19)
6027 Брајтон – Рома (21.00 часот)
Рома ги реши дилемите околу патникот во четвртфиналето во Лигата на Европа славејќи со 4:0 на „Олимпико“. Брајтон во последниот меч победи со 1:0 над Нотингам форест и ја прекина серијата од три порази во низа. Премиерлигашот во првиот дел од сезоната беше во серија од 15 меча, на кои играше ГГ и сега кога мора да се обиде да се извади за убедливиот пораз од првиот меч, нема да биде изненадување доколку им се врати на старите навики.
Предлог тип: ГГ прво/второ (1.99)
6028 Ливерпул – Спарта Прага (21.00 часот)
Ливерпул веќе е во четвртфиналето во Лигата на Европа бидејќи во првиот натпревар славеше со 5:1 во Прага и реваншот на „Енфилд роуд“ ќе претставува формалност. Ливепул в недела го очекува дуел со најголемиот ривал во Англија, Манчестер јунајтед, и тоа во ФА купот, но менаџерот на Црвените, Јирген Клоп, сезонава покажа дека не се плаши да им даде шанса и на талентираните тинејџери кои покажаа дека заслужуваат да го носат дресот на Ливерпул.
Иако се очекува да настапи со комбиниран тим, победата на Ливерпул не би требало да биде доведена во прашање во ниту еден момент.
Предлог тип: 1-1 & 2-6 (2.15)