Астон вила не е за во ЛШ, не ја погоди химната и пушти од Лигата на Европа (Видео)

Голем гаф го одбележа почетокот на натпреварот меѓу Астон вила и ПСЖ откако наместо препознатливата химна на Лигата на шампионите, на стадионот се слушна химната на Лигата на Европа.

Оваа грешка брзо стана вирална и предизвика лавина од коментари и сеир на социјалните мрежи, каде што навивачите не пропуштија шанса да се пошегуваат на сметка на клубот од Бирмингам.

Се чини дека Вила сè уште не се навикнала на елитното европско друштво, па направи кикс кој ретко се гледа на вакво ниво. Иако организаторите брзо ја исправија грешката и ја пуштија соодветната химна, моментот веќе беше забележан и искористен од фудбалската публика за доза на сарказам.

- Оглас -

Најнови вести