30.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Астон вила по 427 минути го постигна првиот гол во Премиер лигата, но повторно не победи (Видео)

Едно од најголемите разочарувања во новата премиерлигашка сезона е екипата на Астон вила, која во првите четири кола не успеа да постигне ниту еден гол. Во петтото дадоа гол, по цели 427 минути, но и тоа не беше доволно за прва победа.

Екипата од „Вила парк“ одигра само 1-1 на гостувањето кај Сандерленд, иако домашните имаа играч помалку од 33-тата минута, по исклучувањето на Мандава, а Астон вила поведе преку Каш во 67-мата минута.

Конечните 1-1 ги постави Исидор во 76-тата минута.

На вториот премиерлигашки меч кој се играше во исто време, Борнмут и Њукасл ремизираа без голови, 0-0.

- Оглас -

Најнови вести