Астон вила потпиша историски договор – Буендија им ја испразни касата за 34 милиони евра

Астон вила денеска го потпиша историскиот договор, најскап досега, со Емилијано Буендија во трансфер што чини 34 милиони евра, плус дополнителни бонуси.

Тоа е рекорд во клупската историја на тимот од Бирмингам, а договорот ќе важи до 2026 година.

Аргентинецот од Норвич се сели на „Вила парк“, а Астон вила ја доби трката со Арсенал бидејќи имаше подобра понуда.

Ова е рекорден траснфер и за Норвич, клуб кој се пласира во Премиер лигата по освоеното прво место во Чемпионшип минатата сезона.

 

 

- Оглас -

Најнови вести