Астон Вила прави интересен тим – Џерард го доби првото засилување за следната сезона (ФОТО)

Астон Вила прави навистина интересен тим за следната сезона. Откако пред 10 дена потврдија дека Фелипе Кутињо е откупен од Барселона, денеска беше најавен и првиот летен трансфер.

Станува збор за дефанзивецот Диего Карлос кој ќе дојде од Севилја за некаде околу 30 милиони евра, колку што и впрочем изнесуваше неговата клаузула.

Тимот кој што го предводи легендарниот Стивен Џерард ќе биде интересен да се следи наредната сезона и со сигурност ќе им задава голема мака на великаните од Премиер лигата.

Тоа не му успеа за малку во оваа сезона, каде што во последното коло Астон Вила загуби од Манчестер сити со 3:2, со што „граѓаните“ стигнаа до третата едноподруго титула во Англија.

- Оглас -

Најнови вести