Екипите на Астон вила и Њукасл одиграа без голови, 0-0, на „Вила парк“ на првиот денешен меч од Премиер лигата.
Домашните во 66-тата минута останаа со играч помалку, откако Езри Конса, заслужено доби црвен картон. Фудбалерот на Њукасл излезе очи во очи со голманот на Астон вила, а Конса го повлече од зад грб, црвен картон кој е „правдан“ во фудбалот, бидејќи го спречи да постигне погодок.
Ако се смета и продолжението на мечот, Њукасл имаше 30-тина минути да ја искористи бројчаната предност на теренот, но тоа не успеа да го направи, иако имаше иницијатива.
Во записникот на овој меч не беше Александер Исак, кој сака да си замине од Њукасл, но „страчките“ никако не можат да се договорат со нитуедна од заинтересираните екипи.