1.8 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Астон Вила се вкучи во трката за Марк-Андре тер Штеген

Искусниот голман Марк-Андре тер Штеген формално е капитен на Барселона, но не добива шанса за настап крај Жоан Гарсија, а клубот сака да се раздели со него поради големата плата, иако има договор со Каталонците до 2028 година. На Германецот ова му е веќе 12-та сезона во клубот.

Тој пристигна во 2014 година од Борусија Менхенгладбах и помина повеќе од десет години на „Камп Ноу“. Се зближи со навивачите, се вклопи во клубот и градот, но сега би можело да дојде до промена.

Иако се уште има валиден договор, англиските медиуми пишуваат за можен трансфер на Тер Штеген во Премиер лигата.

Првично интерес покажа Тотенхем, но сега медиумите објавија изненадувачка информација дека искусниот голман го посакува и Астон Вила, која оваа сезона игра одлично во елитното англиско друштво.

Астон Вила би сакала да го доведе Тер Штеген веќе во јануари, но прашање е колку е тоа реално. Сепак, оваа вест го возбуди фудбалскиот пазар, бидејќи пристигна неочекувано. Како што велат, каде има чад, таму има и оган.

Марк-Андре тер Штеген веќе подолго време не е во прв план во Барселона. Со доаѓањето на Ханси Флик на клупата на каталонскиот клуб, статусот на германскиот голман се промени.

Сигурно и самиот Германец е подготвен за промена по долго време.

Барселона не ги затвори вратите за можен трансфер, напротив. Клубот е подготвен да ги разгледа понудите, особено во контекст на финансиските предизвици и реконструкцијата на тимот.

За самиот Тер Штеген, заминувањето од Барселона би можело да значи нов почеток. По години во истиот клуб, промена на средината би му го вратила редовното играње и самодовербата.

Голманот има и 44 настапи за репрезентацијата на Германија.

Интересно е што во своите 16 години професионална кариера, Марк-Андре тер Штеген настапувал само за два клуба, Борусија Менхенгладбах и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести