Двата реванш-натпревари во Лигата на конференции кои започнаа во 18.45 часот нема да завршат во регуларниот дел, туку ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути бидејќи беа остварени идентични резултати како и на првите дуели.
Лил со 2:1 ја совлада Астон вила, која за продолженија се избори во 87-мата минута, а овој резултат е идентичен како тој од минатиот четврток, кој се играше во Бирмингам и кога победи Астон вила. На вториот дуел, Фиорентина и П’лзењ по 180 минути игра, не успеаја да постигна ниту еден гол.
Фудбалерите на Лил фуриозно го започнаа натпреварот и во 15-тата минута го отворија резултатот, и тоа преку Јусуф Јазичи. Офанзивната игра и постојаните напади на голот на Емилијано Мартинес вродија со плод во 68-мата минута, кога Бенжамен Андре постигна гол за 2:0.
Астон вила успеа да дојде до гол, и тоа во 89-тата минута, кога Мети Кеш го искористи судирот меѓу голманот и дефанзивецот на Лил.
Во вториот меч од 18.45 часот, Фиорентина и П’лзењ по 180 минути игра, не успеаја да постигнат гол и поради тоа ќе играат продолженија од двапати по 15 минути, а доколку и понатаму нема голови, патникот во полуфиналето ќе го одредат пеналите.