Екипите на Бриж и Астон вила одиграа меч со четири гола на отворањето на осминафиналната рунда од Лигата на шампионите. Премиерлигашот дојде до голема победа од 1-3 на гостински терен и веќе може да започне да се подготвува за четвртфиналето против ПСЖ или Ливерпул.
Астон вила уште во третата минута дојде во водство преку Леон Бејли, а Бриж израмни во 12-тата преку Максим де Кујпер. Победникот беше одлучен во последните 10-тина минути од мечот. Брандон Мехеле во 82-рата минута си постигна автогол, а Марко Асенсио од пеналво 88-мата ги постави конечните 1-3.