21.8 C
Skopje
сабота, 30 август 2025

Астон Вила со победа над Нотингем Форест се врати во битката за ЛШ

Астон Вила ги освои трите бода на домашен терен совладувајќи го Нотингем Форест со 2-1 во последниот меч од 31-то коло во Премиер-лигата. Со оваа победа, тимот на Унаи Емери останува во трката за место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Домашниот тим имаше одличен старт. Јакоб Рамзи Роџерс го отвори резултатот во 13-тата минута, а само две минути подоцна Дониел Мален ја удвои предноста и донесе сигурни 2-0 за Вила уште на почетокот.

Во второто полувреме, Нотингем Форест заигра поангажирано и преку Жота Силва во 58-та минута намали на 2-1. Сепак, и покрај обидите за израмнување, гостите не успеаја да избегнат пораз.

- Оглас -

Најнови вести