Лидерот Арсенал падна во последните секунди од продолжението на гостувањето во Астон Вила и загуби со 2-1. Ова е шанса за конкурентите да се доближат, а истото го стори и Астон Вила, која сега има само три бода негатива во однос на Топчиите.
Емилијано Буендиа во петтата минута од судиското продолжение го постигна победничкиот гол за Астон Вила.
Мет Кеш во првиот дел погоди за почетна предност на домаќинот во 36-та минута, а израмни Леандро Тросар на почетокот на второто полувреме.

