Премиерлигашот Астон Вила загуби дури 25.000 следбеници на Инстаграм, само поради еден трансфер. По заминувањето на Мбвана Самата од Вила во Фенербахче, на клубот од Бирмингем му се случи егзодус на следбеници од Танзанија.
Самата дојде во Астон Вила во јануари од Генк за 8,5 милиони фунти, и потпиша договор на четири и пол години, и стана прв фудбалер од Танзанија, кој потпишал за еден премиерлигаш.
Цела Танзанија го гледаше дебито на Самата на осум дена после трансферот, брзо дојде и до дебитантски гол, но престојот во клубот му беше краток. Сега се очекува тој да биде адут на Фенер, со кого се обврза на четиригодишен договор. Едно е сигурно, турскиот клуб сега ќе добие прилив на следбеници на социјалните мрежи.