3002 Аталанта – Торино (Сабота, 15 часот)
Аталанта ја чека тежок период со настапи и во Серија А и во Лигата на шампионите и ако сака нов настап во луксузната европска лига мора да победува против ривали како што е Торино.
Во Бергамо, а уште повеќе во Торино се памети рекордната победа од 7:0 на Аталанта од јануари лани. Гостите играат скромно во последните два месеци, имаат низа од шест меча без победа и тешко ќе им биде да се вадат против екипа со квалитет каков што го има Аталанта.
Очекувам домаќините да играат во свој стил, напаѓачки од самиот почеток, што веќе е препознатлив концепт за Аталанта и не верувам дека Торино ќе може да се спротивстави.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.85)
3003 Сасуоло – Специја (Сабота, 15 часот)
Храбро и без многу респект игра Специја во историската прва сезона за клубот во Серија А. Тоа им донесе неколку убави победи што ќе бидат забележани и во клупската историја.
Мојот поранешен клуб игра фајтерски, за гол повеќе, но сега некако ги стаса и кризата што е нормална за тим што првпат игра во Серија А.
Претрпеа три порази по ред, иако и тоа не е трагедија, бидејќи играа против Рома, Наполи и Удинезе. И Сасуоло не е во форма, имаат серија од четири натпревари без победа, па ќе се обидат да не запишат и петка.
Очекувам и двете екипи да играат напаѓачки како најава за ефикасен меч со голови на двете страни.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.89)
3004 Јувентус – Рома (Сабота, 18 часот)
Рома лани успеа со победа од 3:1 во Торино да ја прекине црната серија од 10 порази на гостувањата кај Јувентус, но денеска е аутсајдер во дуелот со шампионот.
Старата дама не смее веќе да си дозволи кикс и секој загубен бод ќе ги оддалечи од намерата да ја одбранат титулата и доминацијата во последните 9 години.
И Рома има шанси за Скудетото, но има и многу проблеми со повреди на играчите. Отсуството на Заниоло, Пелегрини, Смолинг и Педро е голем хендикеп за римската волчица. Ел Шарави кој дојде како засилување не може да игра, а охрабрување за гостите е што Един Џеко ќе биде во комбинација за настап.
Ова е дерби и бодовите се исклучително значајни. Очекувам Јувентус да победи, а одлуката да падне во второто полувреме.
Предлог тип: Х-1 (4.60)
3006 Беневенто – Сампдорија (Недела, 12.30 часот)
Беневенто игра солидно и е во позиција да ја оствари целта, опстанок во Серија А, но мора да ја корегира играта во одбрана.
Примија дури 40 гола на 20 натпревари, што е просек од два по меч, премногу за лига каква што е италијанската. Ако победат против Сампдорија, со 25 бода ќе бидат во конфорна ситуација во продолжение на првенството.
Тимот од Џенова се надева на подвиг и пробив до позициите што водат во еврокуповите, иако засега тоа изгледа недостижно.
Сампдорија е во подобра форма од Беневенто и може да победи, но според мене овде е подобро да се типува на голови.
Последните три меча на овие две екипи беа со ГГ&3+ и очекувам така да биде и утре на „Чиро Вигорито“ во Беневенто.
Предлог тип: ГГ3+ (2.14)
3008 Удинезе – Верона (Недела, 15 часот)
Удинезе во вистински момент ја крена формата и нема пораз три кола по ред во Серија А, што носи оптимизам во Удине дека грижите за опстанок брзо ќе исчезнат.
Одиграа нерешено со Интер, а многу значајна е победата во минатото коло против Специја, па ако на загубат и од Верона, тоа веќе ќе биде добра серија од четири дуели без пораз,
Верона игра одлично и со 30 бода е конкурент за висок пласман, особено ако четврти пат по ред остане непоразена во меѓусебните дуели со Удинезе.
На трите претходно имаше само еден гол, лани кога со погодокот на Фавили, Верона го победи Удинезе со 1:0 и спречи и трет меч по ред без голови.
Некако и на двете екипи им одговара реми, во последно време често играат нерешено, па ќе одиграм „икс“.
Предлог тип: Х (3.10)