Аталанта продолжи да растура, ама сега без навивачи кои протестираат (Фото)

Аталанта продолжи да игра атрактивен фудбал и во пост-корона ерата и на ефектен начин го декласира Сасуоло со 4:1, но навивачите се незадоволни и протестираа. Секако не против своите миленици, туку против одлуката во продолжението на шампионатот во Италија да нема публика на трибините.

Пред мечот фановите на Аталанта истакнаа пароли со протест пред стадионот во Бергамо.

Сепак и без нивна поддршка, фудбалерите на клубот од Бергамо играат во ист стил, како што тоа го правеа до прекинот на првенството во март. На ефектен начин, со апсолутна доминација на теренот го растурија Сасуоло во премиерниот меч во пост-корона ерата за двете екипи.

Дуван Запата постигна два гола, победата ја најави Џимшити, а гостите си постигнаа и автогол за зацврстување на четвртата позиција во Калчото. Стрелец на почесниот гол за Сасуоло беше Бурабија во 92. минута, а токму играчот од средниот ред беше и автор на автоголот во 37. минута.

Аталанта има 51 бод и успешно го брани последното место што води во Лигата на шамлионите. Сасуоло е 12-ти со 32 бода.

- Оглас -

Најнови вести