По убедливиот пораз од 0:5 од Ливерпул во Лигата на шампионите, Аталанта ќе мора брзо да се врати во стариот добар ритам. Прв предизвик за такво нешто е дербиро во Серија А против Интер. Тимот од Бергамо на свој терен е домаќин на еден од фаворитите за титулата во калчото, а тренерот Џанпјеро Гасперини има големи проблеми.
Дури четворица стартери нема да бидат во тимот на Аталанта за дуелот со Интер. Во аут се Мартен де Рон, Робин Госенс, Ханс Хатербур и Кристијан Ромеро. Сите четворица се повредени и сигурно нема да бидат во составот на утрешниот дуел.
И Интер нема да биде комплетен, затоа што сигурно во тимот ќе го нема првиот напаѓач на гостите, Ромелу Лукаку кој исто така е повреден.
По шест одиграни кола, Аталанта е на четвртото место со 12 бодови, додека Интер досега освои 11 бодови и е шестопласиран во моментов во Серија А.