Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, нема да му помогне на својот тим на утрешниот натпревар од Лигата на шампионите на гостувањето кај Барселона.
Најдобриот африкански фудбалер за 2024 година е надвор од комбинација поради повреда на коленото.
Лукман ќе пропушти и неколку натпревари во Серија А. Тој сезонава во ЛШ постигна 4 гола, со што е прв стрелец на тимот од Бергамо, а имаше и две асистенции.