0.8 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Аталанта е единствен тим без пораз во Серија А, но заостанува осум бода зад лидерот Наполи (Видео)

Аталанта и Милан ремизираа 1:1 во меч од деветото коло на Серија А. Со овој резултат, Аталанта останува единствен клуб без пораз, но тоа е екипа која се профилираше во експерт за нерешени. Ова е нивно седмо реми сезонава, а има и две победи.

Интересно е дека Аталанта иако е без пораз, сепак заостанува дури осум бода зад лидерот Наполи, кој има 21 бод. Милан со овој освоен бод сега има 18 бодови и е на третото место на табелата.

Во првото полувреме беа постигнати двата гола. Милан прв погоди, и тоа преку Ричи само по четири минути игра. Тој погодок на Росонерите може да го видите ТУКА.

Аталанта брзо возврати и со погодокот на Лукман израмни на 1:1 во 35-тата минута.

Во второто полувреме немаше погодоци и двата тима освоија по еден бод.

Atalanta (1)-1 AC Milan | Ademola Lookman 35′
byu/977x insoccer

- Оглас -

Најнови вести