Мејсон Гринвуд играше со рака пред да му асистира на Кристијано Роналдо за вториот гол на Португалецот против Аталанта постигнат во 92-рата минута, со кој Манчестер јунајтед израмни на 2:2 и освои значаен бод во битката за првите две позиции и пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Аталанта е оштетена, а чудно е зошто судијата Славко Винчиќ од Словенија не досуди игра со рака, или уште полошо, зошто не доби сигнал од своите колеги во ВАР-собата дека има прекршок од Гринвуд и игра со рака.
Handball by Greenwood
I won't change my mind https://t.co/wOe47vtiZG— Fat.hi (@Fathi33404261) November 3, 2021
Со ремито што го донесе Роналдо во 92-рата минута, Манчестер јунајтед е прв на табелата во Ф групата со 7 бода по четири кола, исто колку што има и Вилјареал.
Аталанта е на третото место со пет бода, пред Јанг бојс со три бода. Првите две екипи ќе играат во осминафиналето во ЛШ, а третопласираната ќе продолжи во Лигата на Европа.