Аталанта го има најдобриот играч што влегува од клупа во Топ-5 лигите

Аталанта постави клупски рекорд откако стигна до 22-рата победа сезонава. Тимот од Бергамо на свој терен минимално со 1:0 славеше против Болоња и сега има 74 бода, само шест помалку од лидерот Јувентус. Сепак, Старата дама има меч помалку и не би требало да има проблем да го одбрани шампионскиот трон.

Еден гол беше доволен за Аталанта да стигне до трите бода против Болоња. Необично е за најефикасниот тим во Европа да даде само еден погодок за да се радува на триумф, но некогаш и тоа е доволно. Луис Муриел беше стрелец на победничкиот гол во 63-тата минута.

Муриел влезе во игра на почетокот на второто полувреме и само по 17 минути поминати на теренот, успеа да погоди за радост на домаќините. За Муриел ова е 11-ти погодок сезонава што го постигнува откако ќе влезе од клупата за резерви. Нема поефикасен играч резерва во Топ 5 лигите сезона. Колумбиецот сега ќе го брка рекордот на Пако Алкасер, кој даде 12 погодоци лани во дресот на Борусија Дортмунд откако влегуваше како резерва. Во 21 век нема поефикасен резервен играч од Алкасер, а Муриел сега може да го достигне и да го престигне тој рекорд.

 

- Оглас -

Најнови вести