Аталанта го објави Заниоло за ново засилување

Аталанта го ангажираше Николо Заниоло на позајмица од Галатасарај, објави официјално италијанскиот клуб. Калчолигашот ќе плати околу 6,4 милиони евра, плус уште 2 милиони евра во форма на бонуси за едногодишен заем, а во договорот меѓу двата клуба има опција за претворање на зделката во постојана за 15,5 милиони евра.

Италијанскиот репрезентативец е сопственост на турскиот гигант од зимата 2023 година, и ја помина последната сезона на позајмица во Астон Вила. Тој одигра 39 натпревари и постигна три гола, но раководството на англискиот клуб не сакаше да го откупи.

Офанзивниот играч имаше значајна улога во доброто претставување на тимот на Унаи Емери, која заврши на четвртото место во Премиер лигата и играше полуфинале во Конференциската лига на УЕФА.

За националниот тим на Италија, 25-годишниот Заниоло има 19 натпревари со два постигнати гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести