Аталанта покажа моќ на гостувањето во Торино и победи убедливо со 4:0 против Јувенус во дербито на 28 коло. Гостите од Бергамо по првиот дел водеа само со 1:0 и тоа по погодокот на ретеги од пенал во 29 минута.
Целосен бродолом доживеа Јувентус во вториот дел, а Аталанта немаше милост. Во 46 минута Де Рун погоди за 2:0, а потоа следуваа и погодоците на Запакоста и Лукман, па во 77 минута Аталанта водеше со дури 4:0.
Сите погодоци од овој меч може да ги видите ТУКА.
Со оваа победа Аталанта стигна до 58 бодови зацврстувајќи се на третото место на табелата, само три помалку од лидерот Интер и два помалку од Наполи. Јувентус по овој пораз остана на четвртото место на табелата со 52 бодови.