Аталанта обезбеди историски пласман во нокаут-фазата од ЛШ по победата од 3-0 на гостувањето кај Шахтар Донецк во последното коло во групите. Избраниците на Гасперини го искористија поразот на Динамо од Манчестер сити, па воедно го надиграа украинскиот гигант и како второпласирани од групата Ц се најдоа меѓу најдобрите 16 екипи во Европа.
Со головите на Кастањ и Пасалиќ во второто полувреме, како и на Госенс во финишот, Аталанта го повтори чудото на Њукасл од пред 17 години. Тимот од Бергамо успеа да се пласира во следната фаза иако во првите три кола запиша исто толку порази, а на крајот освои 7 бода. Њукасл во сезоната 2002/03 прво загуби трипати, а потоа со три победи, односно 9 бода ги мина групите.
https://twitter.com/GolMerkezi/status/1204845848892452865
Динамо Загреб не дочека чудо на „Максимир“, англискиот првак Манчестер сити беше пресилен за Модрите и славеше со убедливи 4-1. Хрватскиот првак покажа добра игра во првиот дел, а уште во 10-тата минута дојде до водство по одличниот гол на Дани Олмо.
Граѓаните се вратија во игра преку Жесус, а Бразилецот реализира хет-трик до 55-тата минута и практично го најави потопот на Динамо. Фоден во 84-тата минута ги постави конечните 4-1, па Динамо со три порази и вкупно 5 бода го заврши учеството во ЛШ како последен во групата Ц.