9.8 C
Skopje
среда, 10 декември 2025

Аталанта херојски сопре една серија на Челзи која траеше повеќе од 12 години

Аталанта со 2:1 славеше над Челзи во меч од шестото коло во Лигата на шампионите и ги израдува домашните фанови на стадионот во Бергамо. Победата на домаќините има дополнитела вредност затоа што е направена со пресврт во второто полувреме.

Челзи водеше со голот на Жоао Педро во 25-тата минута, но италијанскиот тим не се предаде и во второто полувреме со погодоците на Џанлука Скамака и Шарл Де Кетелаер стигна до четвртата победа во Лигата на шампионите и со 13 бода е на третото место по некомплетното шесто коло.

Интересно е дека со оваа победа Аталанта прекина една долга серија на Челзи. Лондонскиот тим немаше загубено меч во европски рамки на кој водел на полувреме уште од септември 2013 година.

Во 41 таков натпревар, тие победија на 37 и одиграа нерешено само на четири, но во нивниот 42-ри натпревар конечно загубија, и тоа на гостувањето во Бергамо.

- Оглас -

Најнови вести