3138 Партизан – Црвена ѕвезда (19.00 часот)
Црвена ѕвезда е фаворит, меѓутоа многу често тоа не значи ништо кога се играат дуелите од вечното дерби на српскиот фудбал. Вечерва пресметката е на стадионот Партизан, па очекувањата се дека ќе има голови. Нашиот предлог е да има најмалку еден, а најмногу три гола во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.93)
2857 Газијантеп – Трабзонспор (19 часот)
На последните четири меѓусебни дуели на овие два тима се постигнати најмалку по три гола, а и Газијантеп и Трабзонспор играат ефикасно и оваа сезона. Типуваме дека и на овој меч ќе има најмалку три погодоци.
Предлог тип: 3+ (1.85)
3611 Аталанта – Комо (20.45 часот)
Аталанта сигурно чувствува замор од настапот во ЛШ и дуелот со Арсенал, но тимот на Џанпјеро Гасперини ќе мора да ја потврди фаворитската улога против новиот калчолигаш Комо. Очекувањата се дека триумфот ќе биде изразен и со најмалку три гола на овој меч.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.10)
1362 Бетис – Мајорка (21.00 часот)
Бетис е во низа од две победи по ред и треба да го искористи овој натпревар на домашен терен за трет триумф, со кој би се доближил до екипите кои имаат високи амбиции. Мајорка на гости оваа сезона игра со тесен резултат, на двата меча беше постигнат само по еден гол, но тешко е да се верува дека ќе успее да одолее на „Бенито Виљамарин“.
Предлог тип: 1 (1.90)
1544 Боависта – Бенфика (21.15 часот)
Бенфика е фаворит на овој дуел и се очекува да стигне до трите бода, со оглед и дека лошо ја стартуваше сезоната во Португалија, па не смее да си дозволи нов кикс. Покрај триумфот, типуваме дека на мечот ќе бидат постигнати најмалку три, а најмногу пет гола.
Предлог тип: 2 & 3-5 (2.12)