Последниот Хуманитарен тикет во 2025 година за многу малку не беше добитен. Честа да направи тикет од кој евентуалната добивка ќе беше донирана на оние на кои им е најпотребна ја имаше Дедо Мраз, но ниту предновогодишната магија не помогна да има добитен тикет.
На ливчето кое беше уплатено во четвртокот вечерта, имаше седум меча кои се играа во петокот, саботата и неделата. Со 1.000 денари влог, добивката ќе беше 50.000 денари.
Одлично започна тикетот и беше погодена победата на Манчестер јунајтед против Њукасл. Потоа се редеа и победите на Селтик, Ливерпул, Манчестер сити и Јувентус во саботата, како и лесниот триумф на Милан на „Сан Сиро“.
За крај остана дербито од Серија А меѓу Аталанта и Интер. Мечот во Бергамо требаше да заврши „гол-гол 3+“, односно двата тима да дадат гол и да има 3+ погодоци. На крајот, Интер победи минимално со 1:0 и тикетот кој требаше да донесе 50.000 денари, остана недобитен.
Дедо Мраз состави хуманитарен тикет кој доколку е добитен, ќе донесе 50.000 денари (Фото)

