Фудбалерите на Аталанта имаат водство од 2:0 против Баер Леверкузен во финалето во Лигата на Европа и уште 45 минути ги делат од освојување на првиот европски трофејо во клупската историја.
Херој на италијанскиот тим во првиот дел е напаѓачот Адемола Локман кој ги постигна двата гола.
Нигериецот прво во 12-тата минута го отвори резултатот, а во 26-тата минута ја удвои предноста на својот тим.