15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Аталанта ја одби и најновата понуда на Интер за Адемола Лукман

Аталанта го известила Интер дека ја одбива најновата понуда за својот напаѓач Адемола Лукман, пренесува „Газета дело Спорт“. Новото понудено обештетување од Нераѕурите изнесувало 42 милиони евра фиксно, плус дополнителни 3 милиони евра преку бонуси.

Сепак, тоа очигледно не било доволно за клубот од Бергамо, кој бара најмалку 50 милиони евра за да се раздели со нигерискиот репрезентативец. Аталанта веќе официјално го информирала претседателот на Интер, Бепе Марота, за одбивањето на понудата.

Марота потврди дека Интер е заинтересиран за Лукман, но исто така додаде дека доколку не се постигне договор, клубот ќе се насочи кон други алтернативи.

Лукман, од своја страна, има желба да се пресели во Интер. Во моментов се опоравува од повреда на листот, па нема да настапи за Аталанта на утрешниот пријателски натпревар против Лајпциг.

Минатата сезона, Лукман одигра вкупно 39 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 голови и запишувајќи седум асистенции. Неговиот договор со Аталанта трае до 30 јуни 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести