21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Аталанта ја одреди цената за Иличиќ

Аталанта би го продала својот напаѓач Јосип Иличиќ за 30 до 35 милиони евра, најавуваат италијанските медиуми. Клубот од Бергамо би се разделил со својот 32-годишен голгетер, но не за помалку од 30 милиони.

Сезонава Словенецот на 21 меча во Серија А има 15 гола и 8 асистенции, додека во Лигата на шампионите на седум средби постигна пет гола, од кои четири во осминафиналето против Валенсија.

Интерес за Иличиќ има од Севилја и од неколку италијански клубови. Договорот му истекува во јуни, но би можел да го продолжи до 2022, па потоа евентуално да биде продаден, за да не си замине како слободен.

- Оглас -

Најнови вести