Аталанта ја прифатила понудата на Атланта, Русинот се двоуми дали да се пресели во САД

Италијанска Аталанта и МЛС клубот Атланта јунајтед постигнаа договор за трансферот на рускиот играч за врска Алексеј Миранчук. Клубовите се договориле за отштета од околу 15 милиони евра, но не се знае дали овој трансфер ќе се реализира.

Русинот уште нема донесено конечна одлука дали ќе прифати да се пресели во САД.

Миранчук со клубот од Бергамо има договор до летото 2025 година, изминатата сезона имаше придонес од 4 гола и 12 асистенции на 42 меча, ја освои Лигата на Европа и обезбедија место во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести