2844 – Галатасарај – Кајсериспор (18:00)
Второпласираниот во турската Суперлига, екипата на Галатасарај, како голем фаворит влегува во дуелот против Кајсериспор и со победа ќе сака да ја продолжи серијата од осум натпревари без пораз, но и да го задржи чекорот со градскиот ривал, Фенербахче, кој е лидер на табелата. Очекувањата се дека „црвено-жолтите“ од Истанбул не само што ќе дојдат до лесна победа, туку таа ќе биде изразена со многу голови во противничката мрежа.
Предлог тип: Т11+I&2+II (3.00)
1647 – Јанг Утрехт – ВВВ Венло (20:00)
Дуел на две екипи кои играат ефикасно, а за тоа говорат и сериите во кои се во моментов. Последните три натпревари на кои настапи Јанг Утрехт завршуваа со голови во двете мрежи, додека таа серија кај Венло е уште поголема, шест натпревари по ред „гол-гол“. Кога станува збор за нивните меѓусебни натпревари, на последните два се треселе двете мрежи.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.02)
3009 – Аталанта – Фрозиноне (20:45)
Фудбалерите на Аталанта ја имаат фаворитската улога против Фрозиноне, екипа која ги загуби последните четири официјални натпревари. На спротивната страна, екипата на Аталанта нема пораз на последните четири натпревари, на кои забележа три победи и само еден нерешен резултат. На последните три натпревари помеѓу овие две екипи биле постигнувани најмалку по три гола.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.15)
2868 – Алтај – Санлиурфаспор (18:00)
Дуел на две екипи од долниот дел на табелата во втората по ранг турска лига. Победникот на мечот е неизвесен и сите комбинации се во игра, но едно е сигурно, а тоа е дека мечот ќе биде ефикасен. Последните два натпревари на овие две екипи завршија со по три гола и завршија со идентичен резултат, 2-1.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.01)
1648 – Јанг ПСВ – Ден Бош (20:00)
Втората холандска лига важи за една од најефикасните во Европа, а ефикасен фудбал и голови се очекуваат и на дуелот помеѓу екипите на Јанг ПСВ и Ден Бош. Двете екипи се меѓу оние на чии натпревари се постигнуваат најмногу голови во лигата, а мала предност денес имаат домашните, кои се очекува први да постигнат погодок.
Предлог тип: 1пдг & 3+ (2.30)