Пари Сен Жермен денеска од Париз отпатува за Португалија, каде три дена ќе се подготвува за дуелот со Аталанта в среда од четвртфиналето во Лигата на шампионите. На листата од 28 патници, се најдоа и Килијан Мбапе и Марко Верати, двајца важни играчи за тимот кои се повредени.
Најавите од Франција се дека тие нема да играат против Атланта, но самото тоа што ќе бидат во Лисабон, ја остава вратата малку и подотворена за евентуално чудо. Парижаните имаат големи амбиции во ЛШ, но против италијанската машина за голови тешко ќе им биде без Мбапе и Верати.
Мбапе сезонава има 30 гола и 18 асистенции, и зазадравувањето од повредата на зглобот на ногата оди побрзо од очекувањата, па ако има и минимална шанса да се појави на терен, тоа ќе се случи.