1.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Аталанта ќе слави против Пиза, ПСЖ треба да покаже кој е најмоќниот во Франција

1701 Монако – Лориен (19 часот)
Монако загуби дома од Лион во минатото коло и ќе сака да се рехабилитира со триумф над Лориен. Гостите играат многу послабо на гостувањата, па затоа типуваме победа на Монако и два до пет гола на овој меч.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.14)

 

1802 Вердер – Ајнтрахт Франкфурт (20.30 часот)
Ајнтрахт Франкфурт е тим кој игра отворен фудбал, постигнува, но и прима многу голови. Не очекуваме да биде поразлично и на дуелот со Вердер.
Предлог тип: 3+ (1.57)

 

1601 Пиза – Аталанта (20.45 часот)
Аталанта е фаворит и се очекува да ја оправда улогата со триумф над Пиза и најмалку два гола во мрежата на домаќинот.
Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.90)

 

1301 Еспањол – Жирона (21 часот)
Ова ќе биде резултатски тесен натпревар. Еспањол нема да загуби дома, а очекуваме да има најмногу два погодока.
Предлог тип: 1X & 0-2 (2.13)

 

1702 ПСЖ – Лил (21 часот)
ПСЖ не е доминантен оваа сезона во Франција, но, сепак, според составот има најмоќен тим. Тоа треба да го покаже на „Паркот на принцовите“ против Лил.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.77)

- Оглас -

Најнови вести